408
Во домот на пејачката Цеца Ражнатовиќ се славеше Стара Нова година со семејството и најблиските пријатели, а се славеше до раните утрински часови.
Таму беа и Анастасија со момчето, другарка ѝ Невена, Вељко и Богдана и сестра ѝ Бојана, а присутен беше и Аца Лукас.
Сите биле одлично расположени, насмеани и весели, а и распеани.
Во текот на вечерта, Аца и Цеца ја испеале песната „Како ми недостајеш“, која Анастасија ја посветила на покојниот татко Жељко Ражнатовиќ.