Поднесени 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, предметите мора да добијат правен епилог

од Aleksandar Petrovski
363 прегледи

По демократските промени, на локално, општинско ниво од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции до денес поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на режимскатаВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Од 300 кривични пријави, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови.

Но, опструкциите на последните остатоци на заробената држава во судството и обвинителството, многу предмети ги чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти.

 

Структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво.

Ова е само уште еден доказ за потребата од прочистување и темелни реформи во правосудството.

Надлежните обвинителства и судови мора да ја зголемат својата ефикасност и да постапуваат по отворените предмети. Ова е важно затоа што се работи за висока корупција каде се инволвирани носители на јавни функции.

 

Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара.

Нам ни треба судство кое ќе испорачува правда, а нема да застарува дела и да ја попречува правдата.

Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави го покажува степенот на криминал во ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

 

Истовремено, покажува дека нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. Нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на централно и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Тоа е истата режимска, криминална матрица која нуди само одбрана на криминалот и која уште еднаш мора да биде поразена.

Последните бастиони на неправдата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на 12 април ќе бидат поразени од граѓаните!, заврши Костадинов.

Слични содржини