
Лингвистичко жири од Техничкиот универзитет во Дармштат гоизбра „климатска хистерија“ за анти-збор од 2019 година, пишува германското издание на „Тагесшау”.
Овој израз ги дискредитира напорите за заштита на климата и сродните движења, објаснува жирито.
Терминот го користат многу политичари, претставници на бизносот и медиумите, соопштија од жирито.
„Тоа ја сумира растечката посветеност на заштитата на климата како еден вид колективна психоза. Во позадина на научните сознанија за климатските промени, зборот е погрешен и неодговорно ги поддржува непријателските на нуаката трендови“, велат тие.
За време на годинешната кампања беа поднесени 397 предлози за „анти-зборови“. Со години, фокусот беше ставен на бегалската и миграциската политика, додека сега фокусот е ставен на животната средина и климатската дебата.
Од 1991 година, жири од независни лингвистички експерти и новинари го избираат „анти-зборот“ на годината во Германија. Се бараат зборови кои се несоодветни и честопати навредливи за човечкото достоинство.