Настанал пред сонцето: Откриен најстариот материјал на Земјата

391 прегледи

Научниците веруваат дека го откриле најстариот материјал на Земјата, ѕвездена прашина од метеоритот Murchinson кој во 1969 година паднал на подрачјето на југоисточна Австралија.

Тие востановиле дека тој материјал е стар 7,5 милијарди години, пишува BBC.

Најстарите зрна прашина се формирале во ѕвездите кои постоеле многу пред нашиот Сончев систем. Кога ѕвездите се угасиле, честиците кои ги направиле одлетале во вселената, а потоа се инкорпоринале во нови ѕвезди, планети, месечини и метеори.

„Ова се делови од ѕвезди, вистинска ѕвездена прашина“, рекол водечкиот автор на истражувањето, Фиип Хек, кустос во Природнонаучниот музеј во Чикаго.

Староста на честичките ѕвездена прашина биле востановени така што биле земени делови од метеоритот сомелени во прав па потоа било измерено кога прашината била изложена на космички зраци. Мелените делови на метеоритот настануваат во форма налик пасна, објаснила Џеника Греер од музејот Филд во Чикаго.

Пастата потоа ја разградиле во киселина, а од неа останала ѕвездената прашина. Научниците рекле дека пастата „мирисала како расипан путер од кикирики“.

За да дознаат колку е стара оваа прашина, научниците пресметале колку долго истата била изложена на вселенски зраци во вселената. Се испоставило дека некои од овие зрна прашина се најстарите на светот. Повеќето од нив биле стари меѓу 4,6 и 4,9 милијарди години, постари од Сонцето (4,6 милијарди години) и Земјата (4,5 милијарди години).

Благодарение на ова ново сознание научниците ќе можат посериозно да се занимаваат со ова прашање или бројот на нови ѕвезди во вселената.

Слични содржини