Алаѓозовски: Хајката кон мене за објавувањето на книгата од бугарската авторка е примитивен обид за цензура на културата

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Поранешниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски вели дека додека трае расправата во собраниската комисија за Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот и таа натежнува кон прифаќање на оваа стратегија, тој станува предмет на специјална пропагандна војна на оцрнување.

– Хајката кон мене за објавувањето на книгата од бугарската авторка, објавена пред четири години, кога владееше заробената држава, е примитивен обид за цензура на културата, обид да се убие дијалогот и размената на различни ставови и мислења меѓу нашите две соседни држави, меѓу нашите народи и култури, вели Алаѓозовски.