Младата пејачка ѕвезда Луна Џогани, која веќе сними неколку песни, закажа предновогодишен настап во Нови Сад за дочекот на 2020 година, а потоа го откажа.
Во тоа време, таа ѝ образложи на публиката дека тоа го направила поради приватни причини, но српските медиуми дознале дека всушност, интересот бил слаб и дека се продале сосема малку билети.
Имено, таа била шокирана кога дознала дека воопшто нема интерес за нејзиниот настап, иако билетите се продавале за 700 динари (350-360 денари), а за тоа го обвинила организаторот.
Исто, многу ја повредило и тоа што никој не ја побарал за настап за Нова година, а слабиот интерес за предновогодишната забава уште толку ја дотолчил. Мислела дека на 31 декември ќе се продадат повеќе карти, но тоа не се случило и организаторите ѝ јавиле воопшто да не доаѓа.