332
Денеска во Белград, во Југословенската кинотека, се одржа комеморација во чест на починатата актерка Неда Арнериќ.
Во салата биле присутни голем број познати актерски имиња од балканската сцена, познаници, пријатели, сите оние кои на еден или друг начин биле блиски со легендата на југословенскиот и српскиот филм.
Неколку колеги одржаа и почесни говори, трогателни, кого никого не оставија рамнодушен, а присутните не се ни трудеа да ги совладаат емоциите и солзите.
Телото на Неда ќе биде кремирано на 18 јануари. Таа како последна желба имала нејзиниот погреб да биде скромен и интимен, наместо да биде проследен со медиумска фама.