Полицијата го уапси измамникот кој лажно се претставувал како теренски работник во ПИОМ

од Aleksandar Petrovski
163 прегледи

На 15.01.2020 во 18.45 часот во Гевгелија бил лишен од слобода И.П.(41) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во неколку наврати во изминатиот период, извршил кривични дела „измама“, лажно претставувајќи се и како З.Ј., наводно вработен како теренски работник во ПИОМ Скопје, при што доведувал во заблуда поголем број на граѓани од Р.С.Македонија, барајќи од нив да уплатат од 1.700 до 4.000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170.000 до 450.000 денари по разни основи.

Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени телефонски апарати, сим-картички, документи и поголем број на мобилни телефонски броеви и лични податоци од оштетени лица. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини