309
Чикаго Вест, ќерката на Ким Кардашијан и раперот Канје Вест наполни две години, а семејството, сосема очекувано, го прослави прекрасниот ден со одлична забава.
Ким самата се погрижила секој детаљ од тематската Дизни-забава да биде совршен, во чест на малата Чикаго, која парот ја доби со помош на сурогат-мајка.
Масите биле украсени со рози, француски колачиња, шолји за чај, а Чикаго била маскирана како Мини Маус.
Можеби најинтересниот дел е тортата со Мини Маус, за која Ким откри дека ја добиле од Disney Junior.
Гостите на Чикаго се забавуваа и со цртање на лицето и сликање.
Славеничката носеше венче со Мини Маус и бела маица за да не си ја извалка облеката, а побарала на лицето да ѝ го нацртаат истото венче што го носи.