Водителка ја исмејуваше вродената мана на Феникс

Водителката Венди Вилијамс, една од најпопуларните радиски и телевизиски ѕвезди во Америка, со однесувањето во своето талк шоу ги разбесни гледачите. Имено, таа ја исмејуваше вродената мана на актерот Жоакин Фенис

– Продорните очи го прават привлечен, но истотака изгледа и многу чудно со таа лузна на горната усна. Како се вика тоа? Дали е зајачка усна, расцеп? – прашала Вилијамс, притоа изведувајќи гримаса.

Прв кој реагирал бил Адам Бигхил, американски фудбалер, кој и самиот е роден со т.н. зајачка усна, а поади истата деформација морал да биде опериран и негвиот син.

– Нејзините постапки се грозни, неприфатливи и навредливи и јавно малтретирање- напишал спортистот на Твитер, а кратко потоа и пејачката Шер ја нападнала Венди Вилијамс.

– Сите тие деца поголемиот дел од животот чувствуваат страв, но се борат и не губат надеж дека еден ден ќе изгледаат нормално.. Венди, засрами се! Која си ти воопшто? Треба да те отпуштат – порачала Шер, која со години волонтира за американско здружение кое се грижи за деца со деформации.

Самата Вилијам на крајот на Твитер се извини поради злобните коментари на сметка на Жоакин Феникс. Вети дека ќе донира пари за операции како би им помогнала на семејствата кои се борат со ова.

Слични содржини