Грижата за сите граѓани продолжува и покрај мандатот на преодната Влада којa нема никакво влијание врз планираните активности и започнатите реформи во сферата на социјална политика изјави на денешната прес конференција Милан Живковиќ , претседател на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.
Исплатата на социјалната помош и другите права којшто ги следуваат согласно законите за социјална и детска заштита и за социјална сигурност на постарите лица ќе продолжи и натаму.
Ниту еден процес нема да запре, ниту еден граѓанин нема да биде оштетен.
Социјалната реформа којашто е една од најуспешните политики на оваа Влада дава одлични резултати 27.000 семејства земаат во просек за 300 % повисока социјална помош, детски додаток земаат 27.000 деца, образовен над 8.000 деца, а право на социјална пензија досега имаат остварено 4.171 возрасно лице.
Не застануваме тука. Со измените на Законот се проширува опфатот на стечајни работници кои ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање.
Според проценките, овој надоместок ќе може да го искористат уште околу 1.000 стечајни работници. За две и пол години со неколку измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминанта сопственост на државата, Владата успеа материјално да обезбеди вкупно 12.000 стечајци.
Апелираме стечајните работници кои ги исполнуваат условите од денеска па се до 31 јануари да се пријавуваат во Центрите за вработување за да го остварат правото на месечен надоместок.
Почитувани,
Стекнатите права никој не може да ги одземе. Граѓаните да бидат спокојни социјалната реформа е обезбедена и се спроведува. Никој нема да им ги ускрати правата на граѓаните, ниту ќе смее да ги користи за предизборни манипулации.
Истовремено апелираме и до техничката министерка Рашела Мизрахи дека во овој период треба да продолжи спроведувањето на успешните реформи отпочнати во овие 2,5 години Влада предводена од СДСМ
Мизрахи не треба да ги извртува работите, не треба да лови политички поени туку да работи во интерес на граѓаните.
Сакајќи да ја да оспори работата на досегашната министерка за труд и социјална политика, Мизрахи само призна дека токму ВМРО-ДПМНЕ го остави Заводот во Демир капија да пропаѓа.
Несериозно е техничката министерка која извршувала високи државни функции во Министерството за здравство во кабинетот на тогашниот министер Тодорв, да не успее да види во какви услови живееле штитениците во Заводот во Демир Капија.
Денес за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ преку спроведување на деинституционализацијата развивме модел на интензивна и индивидуализирана грижа за корисниците. Од 482 корисници кои беа сместени и заборавени во шесте резиденцијални социјални институции во земјава, денес во институциите живеат 267 лица, што претставува намалување за повеќе од 44 отсто.
Политиките на СДСМ во социјалната заштита се на вистинскиот пат.
Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните.