По 11 години уапсен разбојникот кој учествувал во грабежот на Прокредит Банка

од Aleksandar Petrovski
214 прегледи

Во четвртокот вечерта во Тетово е уапсен скопјанец, кој пред 11 години беше еден од разбојниците кои ја ограбија Прокредит Банка.

„На 16.01.2020 околу 19.20 часот, во угостителски објект на влезот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со други служби на МВР, го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“. Набрзо по лишувањето И.Р. предаден е во КПУ „Идризово“ во Скопје“, информираат од МВР.

Слични содржини