368
Најсреќен меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, беше 30-годишниот Петар Рупески од Варош, кој прв успеа да доплива до крстот.
Рупески светиот крст го фаќа по петти пат. Настанот го следат неколку илјади охриѓани и гости од земјава и странство.