Во антивладините протести во Бејрут повредени 150 луѓе

од Aleksandar Petrovski
266 прегледи

Повеќе од 150 луѓе се повредени за време на вчерашните протести во Бејрут, кога либанските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови врз демонстрантите во близина на зградата на Парламентот.

Судирите почнаа кога дел од демонстрантите фрлаа камења, сообраќајни знаци и петарди врз припадниците на безбедносните сили.

Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што изби во протестниот камп во центарот на градот. Се уште не е познато што го предизвика пожарот.

Претседателот на Либан, Мишел Аун побара од армиските и полициските командатни да воспостават мир во Бејрут и да ги заштитат мирните демонстрани, како и јавната и приватната сопственост.

Протестите во Либан против политичките елити, што се на власт од завршувањето на граѓанската војна (1975-1990) траат веќе три месеци, а демонстрантите ги обвинуваат политичарите за корупција и за лошо владеење.

Слични содржини