Вчера во 18.00 часот во Полициска станица Струга, М.Р.(62) од Струга пријавил дека настанал пожар во куќа во негова сопственост на ул.„Ристо Крле“, при што била опожарена кровната конструкција.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга, а како што информираат од МВР, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга.