Малолетник уби три деца и жена во Јута

од Aleksandar Todeski
320 прегледи

Малолетно момче обвинето за кривично дело „жестоко убиство“ викендов убило три деца и една жена во Грантсвил, Јута.

Полицијата во Грантсвил, мало гратче оддалечено 50 километри од Солт Лејк Сити, потврди дека сите вклучени во двата вооружени инциденти имаат роднинска врска. Но се уште истражува кој е мотивот за насилствата.

Во случајот се вклучија и федерални безбедносни органи, изјави денеска гувернерот на Јута, Хари Херберт, кој додаде дека „жителите на Јута ги оплакуваат невините жртви”.

Полицијата го истражува настанот и известува дека пред инцидентот, во петокот навечер имало друго пукање во кое ранет бил возрасен маж. Напаѓачот потоа го однел ранетиот во болница каде бил уапсен од полицијата.

Слични содржини