Најпознатата плус сајз манекенка го роди своето прво бебе

557 прегледи

Ешли Греам стана мајка! Радосната вест ја објави на својот Инстаграм профил.

Ешли Греам

„Во 18 часот во саботата, нашите животи се сменија на подобро. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката за време на овој неверојатен период“, напишала Греам.

Иако името на бебето не го открила, од порано е познато дека станува збор за момче. Имено, најпознатата плус сајз манекенка во текот на целата бременост со обожавателите споделуваше детали како колку килограми добила, а неколку пати се соблече гола и така позираше за својот сопруг, Џастин Ервин.

Слични содржини