На инфлуенсерки им нуделе пари и облека за да спијат со мажи во Дубаи

од Elena Daskalova
340 прегледи

Многу ѕвезди на социјалните мрежи не кријат дека добиваат непристојни понуди, најчесто замена на материјални добра за сексуални услуги.

Постојат и оние кои заработуваат за живот преку Инстаграм и сосема очекувано, нивните фотографии се убаво уредени, за да може публиката да го посакува она што тие го рекламираат.

Но, дел од публиката, некогаш не сака ниту козметика, ниту облека, туку напротив, им го нуди токму тоа на инфлуенсерките во замена за нешто друго.

На ѕвездата од Love Island, Рози Вилијамс, која на Инстаграм има над 840 илјади следбеници, ѝ стигнла токму таква понуда во нејзиниот инбокс. Нејзе ѝ биле понудени околу 120.000 евра годишно, плус облека и чанти, за да придружува маж во Дубаи.

Вилијамс вели дека не е нешто ново тоа, но дека е феномен за кој ретко се зборува во инфлуенсерските кругови.

Слично ѝ се случило и на Тајн-Лекси Кларксон, која добила понуда за 65.000 долари за 5 ноќевања во Дубаи, заедно со договор кој требало да го потпише, дека се „заколнува“ на дискреција.

Многу често им се обраќаат агентите во име на клиентите, но ги има и оние кои сакаат да бидат финансиски доминантни над жените, па трошат пари за подароци за нив. Не е тајна дека ги има и оние кои се согласуваат со овие понуди, но Кларксон смета дека сето тоа е еден вид на проституција.

https://www.instagram.com/p/B6_iCJnB3jq/

Слични содржини