133
Четири лица загинаа, од кои тројца мажи и една жена, во невремето што од неделата зафати поголем дел од Шпанија.
Поради зимската бура, повеќе од 200.000 лица се без струја, училиштата се затворени, а патиштата се блокирани од снег.
Големи бранови и силен ветар има во крајбрежните градови, каде што се оштетени многу продавници и ресторани.
Многу училишта во Каталонија, Валенсија и Арагон се затворени, јавуваат шпанските медиуми.
Сообраќајната полиција соопшти дека десетици патишта се непроодни поради големи наноси од снег.