Нов проблем за Северина: Го прекршила законот, ѝ стигнува уште една пријава?

351 прегледи

При крајот на минаата година хрватскиот суд донесе неправосилна пресуда во која е одлучено дека синот на пејачката Северина Којиќ и бизнисменот Милан Поповиќ, ќе живее со таткото, откако против пејачката беа поднесени и пријави од загрепското основно училиште во кое оди нејзиниот син за наводно занемарување на детето.

Сега хрватските медиуми ја пренесоа веста дека против Северина е поткрената уште една пријава.

Центарот за социјална работа, наводно, против Северина поднел уште една пријава бидејќи се сомневаат дека го прекршила законот, не наведувајќи за што точно станува збор, пренесува 24sata.hr.

„Во конкретниов случај Центарот не може да изнесува детали за време на постапката и семејната ситуација, со оглед на тоа дека изнесувањето податоци во јавноста е спротивно на законските прописи“, рекле од Центарот за социјална работа.

По овој повод се огласи и правната застапничка на пејачката која изјавила дека не е известена за оваа ситуација.

„Немаме сознанија за пријавата која ја спомнувате, ниту знаеме кои се причините за истата“, рекла адвокатката на Северина, Јасминка Билош.

Слични содржини