275
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија ДИмовски на својот Фејсбук профил ја обвини Државната видеолотарија дека преку два тендери во рок од речиси две години потрошила 13.970.700 евра за коцкарски апарати.
„Во 20 месеци Државната видеолотарија направила не еден, туку ДВА тендери за набавка на коцкарски апарати. Првиот пат на 16.04.2018 за
7.422.200 €. Вториот пат на 02.01.2020 за 6.548.500 €. Вкупно оваа државна фирма потрошила 13.970.700 € за коцкарски апарати“, пишува Димовски.