241
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 одговори на шпекулациите за комбинациите за технички премиер и иден премиер во некоја нова влада на широка коалиција.
„Дали сум бил кандидат за технички пример веќе не е битно. Нема да ме има на пратенички листи ниту ќе бидам активен во нечија кампања на изборите а дали ќе има широка коалиција и дали јас ќе бидам пример, да ги почекаме изборите“, изјави градоначалникот на Кавадарци.