Светската турнеја на Мадона, Madame X, е откажана неколку пати на барање на нејзините лекари, а музичката легенда е подлегната на низа необични третмани за да се врати на настапите.
Иако можеби духот засекогаш ќе и остане младалачки, сепак телото го трпи теретот на нејзните години. Таа на инстаграм објави како влегува во када полна мраз. Мадона, која има 61 година, со болна гримаса изразила низ што поминува, додека нејзиното 25-годишно момче внимателно ја набљудуваше.
Турнејата низ Америка и Европа, која требаше да трае 93 дена, е голем напор за секој изведувач, особено за некој кој има 61 година.
Турнејата започна во септември, а потоа започнаа и откажувањата. До сега се вкупно осум и сите се прекинати на барање на нејзиниот доктор бидејќи Мадона се борела со „големи болки“ и исцрпеност, покрај низата третмани кои вклучуваа трансфузија на крв, купки со лед и масажи.
– Одржувањето на концертите ми носи толку големо задоволство што откажувањата ги доживувам како казнување. Болката која ја чувствувам е пресилна и морам да се одморам и да ги послушам советите на лекарите за да се вратам посилна и да ја продолжам турнејата со сите вас – рекла Мадона.