Бред и Џенифер се во врска, со години не биле толку среќни

366 прегледи

Холивудскиот златен пар, Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно во врска, пишува Mirror. Нивните најблиски пријатели за медиумите раскажале дека поранешните сопружници се обидуваат да ги обноват старите односи. Тие велат дека парот бил најмалку пет пати на состанок, пред да се сретнат на црвениот тепих, а дури и божикните празници ги минале заедно.

– Мислам дека таа никогаш не престана да го сака, иако и го скрши срцето и замина со Анџелина. Ѝ требаше многу време, но се му прости. Тоа е главен чекор доколку сакате да одите понатаму – рекол пријател на актерката.

Ниту пријателите на Бред не се воздржаа на оваа тема.

– Единствено нешто за што зборува е Џенифер. Ја обновија својата романска и не сум ги видел толку среќни со години – рекол колега на Бред.

Слични содржини