Грозоморна слика: Мртов коњ закачен на камион на скопските улици

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Мртов коњ закачен на камион е фотографиран на улиците во Скопје. Фотографијата е споделена на социјалните мрежи од „Ремедиум Вет“ а граѓаните ја изразуваат својата згрозеност од постапката.

– Психопати, само во МК го има ова, пишува во коментарите до фотографијата.

– Не можам да си поверувам во очите, луди ли сме ментални ли, има ли совест и кај луѓево и кај институцииве да следат протоколи и правила за работење, пишува друг корисник на мрежата.

– Е мое Скопје, до кога ваќа ќе те резилат. Има ли некој да стави крај на овие толку жални и немили настани, споделуваат корисници на ФБ.