Од прв ден кажавме дека Катица Јанева не беше којзнае каков избор. Како дојде, тоа и мене ме прашуваа, но институцијата како таква беше коректна. Во иднина треба да се води сметка, кандидатите за овие институции, како претседател на државата, Специјален јавен обвинител, државен јавен обвинител, да бидат луѓе со интегритет, рече професорот Гордан Калајџиев.
„Немаше потреба поради инцидентот со Катица Јанева да се закопа обвинителството. Контекстот со независноста во истрагите, истражните центри се позитивна работа. Марко Зврлевски намерно не ги заживеа истражните центри“, рече Кајалџиев.
Според него, законското решение било добро, но требало да остане делот каде има обвинители кои ќе работат на криминали од политичари. Тој во своето обраќање во Собранието кажа дека СЈО било добар концепт.
А.Т.