Актерката Мила Кунис не е една од оние славни дами кои се склони на чести промени на изгледот.
Освен што минатото лето поради улога морала да ја обои својата коса, таа со години е верна на природната темнокафена боја која ѝ стои најдобро.
Но сега, сепак таа се одлучи за суптилна, но значајна промена на изгледот, а истиот го претстави на премиерата на филмот Four Good Days на Sundance Film Festival.
Иако на свечениот настан се појави во тотално лежерно издание со фармерки, обична црна маичка и рамни чизмички, поради реткото појавување на црвениот тепих, сите погледи беа вперени во неа. Присутните ја забележаа промента на нејзината коса во златно-кафена нијанса, а со нејзиниот мејковер на Инстаграм се пофали и нејзиниот фризер.
Светлата и топла нијанса на Мила и подари вистинско освежување и подмладување.