Необична сцена се случи денеска на второто возење на машкиот слалом за Светскиот куп во скијање во австрискиот Шладминг.
Имено на целната рамнина втрча полугола девојка, која носеше натпис „RIP Коби“ во сеќавање на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, кој во неделата настрада во пад на хеликоптер.
Токму во моментот кога низ целта помина Италијанецот Алекс Винацер. Организаторите прво го пресметаа времето кога девојката мина низ целта така што имаше 50 стотинки предност. Винацер се радуваше, но потоа беше констатирано дека всушност имал 13 стотинки заостаток зад дотогаш водечкиот Клемент Ноел.
https://www.youtube.com/watch?v=9RxmiybrXrA