Исчезнувањето на малезискиот авион на летот МХ-370 и понатаму останува вистинска мистерија за која сосема малку се знае, а јавноста и по шест години ја интересира што точно се случи.
Насловот на филмот ќе биде „Into Thin Air“, а ќе го режира Кристијан Риверс. Продуцент на филмот е Ави Накаш, кој е сопственик на Акира-ерлајн, втората по големина авиокомпанија во Израел. Сценариото е на оскаровецот, документарист и истражувачки новинар Џонас Мекорд, наведува Дедлајн.
Филмот се фокусира на несреќата, но и на истражувањето околу тоа кој е виновен за неа, како и каде е всушност трупот на авионот кој исчезна од радарите во 2014 година, на летот од Куала Лумпир до Пекинг.
Уште не е потврдено дали филмот ќе биде фикција или документарец, но факт е дека ова и понатаму ги мачи роднините на сите патници кои беа на кобниот лет.