Во гимназијата „Јосип Броз“ немало пожар, туку противпожарна вежба

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Во гимназијата „Јосип Броз“ немало пожар, туку противпожарна вежба. Некои медиуми во обид да кренат паника, без претходно да ги проверат своите информации, споделија дека има пожар во скопското средно училиште.

Сепак тоа беше набрзо демантирано.

„Еве пример за лажење на читателите. Еден медиум објави, а останатите ископираа и не проверија дека пожар НЕ избувнал, но имало противпожарна вежба во гимназијата. Родители, нормално, испаничиле. Денес како никогаш порано важи народната – „човек 16 очи треба да отвори“!, споделуваат корисници на социјалните медиуми.

Изгореници од прв до трети степен, македонско новинарство, споделуваат други со потсмев, споделувајќи видеа од вежбата во училиштето на која не се гледа пожар.

„Известување за сите загрижени за пожарот во Јосип Броз – Тито: имаше симулација на вонредна состојба пожар. Се е ок. И не читајте Курир“, посочуваат корисниците.