На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

од Aleksandar Petrovski
371 прегледи

Една година по промената на името во Република Северна Македонија, бугарските власти на граничниот премин „Ѓуешево“ сè уште работат со старото име „Поранешна југословенска Република Македонија“, објави Бугарското национално радио (БНР).

– Новото име Северна Македонија се уште не е внесено во електронскиот систем на граничниот премин, потврдува цариник на ГП Ѓуешево.

Не се сменети ниту сообраќајните знаци на патниот правец Ќустендил – Ѓуешево. Од подрачната канцеларија за одржување на патиштата во Ќустендил немаат конкретен одговор дали се подготвуваат и кога би можело да бидат поставени нови патокази со името Северна Македонија.

Сепак, новото име го има на неколку места во меѓуграничниот простор, а се употребува и во електронскиот систем за издавање вињетки за патување низ Бугарија, пренесува БНТ

Слични содржини