Во мандатот на Клоп десет фудбалери на Ливерпул немаат пораз на „Енфилд“

од Aleksandar Petrovski
179 прегледи

Ливерпул игра фантастична сезона во Премиер лигата. На пат кон шампионската титула се уриваат рекорди, а особено импресивно делува постот на социјалните мрежи дека во мандатот на Јирген Клоп, дури 10 играчи не знаат за пораз на домашен терен.

Токму непобедливоста на домашен терен се нотира како една од најголемите придобивки на „црвените“ под водство на германскиот менаџер. Во тој контекст и листата на фудбалери без пораз на „Енфилд“ што се појави на Твитер.

Taa iзгледа вака:

Алисон Бекер – 27 меча/25 победи/2 реми

Адријан – 6 меча/6 победи

Вирџил ван Дајк – 38 меча/34 победи/4 реми

Енди Робертсон – 43 меча/37 победи/6 реми

Фабињо – 21 меч/20 победи/1 реми

Алекс Окслејд Чембрлен – 23 меча/17 победи/6 реми

Наби Кеита – 15 меча/13 победи/2 реми

Џердан Шаќири – 15 меча/14 победи/1 реми

Садио Мане – 59 меча/50 победи/9 реми

Мохамед Салах – 49 меча/40 победи/9 реми

Сето тоа, се наведува во постот, е по заслуга на Клоп. Ливерпул е лидер во Премиер лигата во која сè уште не знае за пораз по 23 одиграни меча во оваа сезона.

Слични содржини