Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев во текот на вчерашниот ден беше во работна посета на СВР Штип. Во официјалното соопштение на МВР, меѓу другото, јавноста се информира дека на средбата со раководството на СВР Штип, Чулев истакнал дека е потребно сите да дадат свој придонес за обезбедубање фер, демократски и мирен изборен процес и дека за тоа потребна меѓусебна соработка и координација.
Но техничкиот министер ја злоупотреби службената посета, користејќи службени возила, придружба и обезбедување. Во текот на работното време, по службените средби во СВР Штип, тој одржа и координативна партиска средба, соопштуваат од ЦИВИЛ.
Според пријава од граѓани, техничкиот министер Чулев ја искористил службената посета на Штип за организирана партиска средба со активисти и раководители на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е во спротивност со стандардите за добри изборни практики и претставува злоупотреба на службената положба и јавните ресурси.