Скопјани ќе добијат нов парк на кејот на Вардар во Карпош 4

од Берта Китинска
425 прегледи

Градот Скопје во понеделник ќе распише конкурс за избор на идејно решение за уредување нов парк меѓу кејот на Вардар и булеварот Илинден, во Карпош 4. Станува збор за површина од 60.000 квадратни метри, односно простор шест пати поголем од паркот „Ибни Пајко“.

Од Градот Скопје велат дека овој простор сега е непристапен и небезбеден и на него има дива депонија која претставува жариште на диви огнови на отворено. Конкурсот ќе трае два месеца, а најдобрите идејни решенија ќе бидат наградени со награден фонд до 10.000 евра.

„Јавните градски претпријатија веќе почнаа да го отстрануваат шутот и отпадот од оваа депонија и да ја расчистуваат површината. На овој простор ќе бидат поставени содржини за спорт и рекреација, а ќе биде предвиден и простор за ботаничка градина, за што разговаравме со граѓаните во нашата предизборна кампања. Дополнително, планирана е изведба на сервисна улица и два моста. Една по една, неуредените јавни површини ги претвораме во паркови. Непристапните и небезбедните површини, кои се диви депонии и диви паркиралишта ги уредуваме и ги отвораме за сите граѓани. Подигнуваме нови зелени површини. На овој начин вложуваме во подобра животна околина, но и во подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Слични содржини