175
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли очекува за дербито со Интер во офанзивниот ред да се врати Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот денешниот натпреварот од 22. коло од Серија А со Верона (1:1) го пропушти поради настинка.
– Се надевам дека Златан ќе се врати на дербито. Имаше мала повреда, а потоа настинка. Шансите тој да игра со Интер се големи, соопшти Пиоли.
За дебито на Даниел Малдини, Пиоли вечи дека Милан има голем талент.
– Ова е способен човек, тој има талент, но само талентот не е доволен. Се надевам дека ќе продолжи со многу работа, истакна Пиоли.
Милан по 22 кола е на 8.место во Серија А со 32 бода.