Стивен Кинг го избриша профилот на Фејсбук, а препорачува сите тоа да го направат

од Elena Daskalova
254 прегледи

„Го напуштам Фејсбук. Не ми е убаво од лажните вести кои се дозволени во политичките кампањи, ниту па верувам дека може да ни ја заштити приватноста. Ако сакате, следете ме на Твитер“, со оваа порака писателот Стивен Кинг одлучи да го напушти Фејсбук.

Како што пренесува Си-ен-ен, кратко по оваа објава, профилот бил избришан. Стивен Кинг е познат автор на повеќе од 50 книги со научно-фантастична и хорор тема, а многу од нив се екранизирани на филмското платно или како телевизиски серии.

Истата објава ја сподели и на Твитер, каде профилот и понатаму пдоолжува да постои.

Слични содржини