168
Македонскиот репрезентативецЕлиф Елмас го постигна својот деби погодок во италијанската Серија А во триумфот на неговиот Наполи на гостувањето кај Сампдорија од 4-2. Тој стана шестиот македонски фудбалер кој погодил во Серија А, претходно тоа го направиле Дарко Панчев, Горан Пандев, Агим Ибраими, Александар Трајковски и Илија Несторовски.
„Многу сум среќен за првиот гол во овој дрес. Се надевам дека секогаш ќе му помагам на тимот. Напред Наполи!“, напиша Елмас на својот Инстаграм профил.