
Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на „брзи и пресудни“ мерки за спречување на коронавирусот, јави државната новинска агенција Синхуа. На состанокот на Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија, лидерот на партијата повика на „строго извршување“ на сите наредби и забрани.
Мора да се обезбеди заштитен материјал за медицинските лица, а треба да се намали процентот на инфекции и смртност, беше нагласено дополнително на партиската сесија. Партиските комитети и владите на сите нивоа беа повикани да ја контролираат епидемијата, но и да постигнат „цели на економски и социјален развој“ оваа година. Избувнувањето на вирусот е „важен тест за кинескиот систем и способноста за управување“, рече Кси.
На состанокот било решено да се подобри системот за одговор при итни случаи во Кина, да се подобрат слабостите во јавното здравство и да се спречат нелегалните пазари на диви животни. Тој, исто така, повика на подобрување на производствениот капацитет на основните производи.
Тој не се појавил во јавноста скоро една недела, бидејќи неговата влада се бори против смртоносната епидемија во услови на загриженост за неговата способност да го задржи вирусот под контрола. Според „Блумберг“, неговиот последен јавен настап бил на 28 јануари, кога во Пекинг се сретнал со Тедрос Аданом Хебреисес, генералниот директор на Светската здравствена организација, кој прогласи вонредна состојба заради коронавирусот.
Ваквите состаноци на врховните лидери во Кина се ретки. Има само 20 докажани состаноци на комитетите помеѓу 1992 и 2013 година, од кои половина биле итни и насочени кон природни непогоди или итни случаи во јавното здравство. Од стапувањето на должноста, тие обично се одвиваат еднаш годишно, со исклучок на специјални состаноци како што е смртоносниот земјотрес во 2014 година во Јунан и состанок за 2018 година посветен на развојот на „паметниот“ град Ксионганг.
Во меѓувреме, кинеските власти размислуваат да ја намалат својата цел за економски развој во 2020 година. Раководството се надева дека САД ќе се согласат на одредена флексибилност во заложбите направени од земјата во првата фаза на трговски преговори за епидемијата на вирусот, велат извори запознаени со ситуацијата.
Во меѓувреме, здравствената комисија во Пекинг во вторникот извести за нов остар пораст на инфекции и смртни случаи во Кина. Бројот на загинати се зголеми од 64 на 425, а бројот на потврдени заразени во Кина скокна од 3.235 на 20.438. Сите смртни случаи биле пријавени во провинцијата Хебеи, каде избувна епидемијата – во Вухан. Во Хонг Конг, еден човек почина од коронавирусот. Човекот е втор кој го губи својот живот од патогенот, надвор од Кина.
Потврдени се и околу 180 заразени во дваесетина други земји. Во Германија веќе се покажа дека дванаесет лица се заразени со новиот вирус. Новата жртва е уште еден вработен во подизведувач на автомобили во Стокдорф кај Минхен, како што соопшти денеска министерот за здравство на Баварија, повикувајќи се на канцеларијата за храна и безбедност во покраината. Мажот е донесен на Клиниката Швабинг во Минхен.
Според кинеските експерти, епидемијата ќе го доживее својот врв за десет до 14 дена. Како и да е, треба да се засилат превентивните мерки, изјави првиот човек на националниот тим на експерти за борба со антивирусот Џун Наншан, цитиран од кинеските медиуми.