Над 20 земји од светот и испратија хуманитарна помош на Кина

од Aleksandar Petrovski
146 прегледи

Повеќе од 20 држави во светот испратија хуманитарна помош за Кина во нејзината борба со раширената епидемија на пневмонии, предизвикана од коронавирусот 2019-nCoV, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

“Веќе 21 држава и доставија помош на Кина, испраќајќи средства за спречување и контрола на ширењето на болеста. Тоа се Република Кореја, Јапонија, Тајланд, Малезија, Индонезија, Казахстан, Пакистан, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Унгарија, Белорусија, Турција, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Алжир, Египет, Австралија, Нов Зеланд, Тринидад и Тобаго, како и УНИЦЕФ”, соопшти министерството.

„Подароците се вредни, а чувствата – бесценети. Ја искажуваме нашата искрена благодарност кон нив. Кина ќе продолжи да ги споделува информациите и ќе ја засили соработката со сите земји низ светот не само за безбедноста на Кинезите, туку и за глобалната и регионалната здравствена безбедност”, се додава во соопштението на кинеското Министерството за надворешни работи.