етиринаесет српски државјани се наоѓаат на крузерот „Diamond Princess“, кој е ставен во карантин во Јапонија поради коронавирусот, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ истакна дека Министерството за надворешни работи на Јапонија го известило Белград дека на бродот кој е ставен во карантин поради коронавирусот, се наоѓаат 14 српски државјани – 12 вработени и двајца патници, како и еден црногорски државјанин, објави РТС.
Дачиќ истакна дека српската амбасада во Токио контактирала со српските државјани на бродот и тие се добри.
Тој додаде дека сите патници ќе треба да останат во карантин 14 дена.
Десет лица од крузерот, кој со 3.700 патници се вратил од Хонгконг во јапонското пристаниште Јокохома, биле заразени со коронавирус.
Од 273 тестирани патници, пристигнати се резултати за 31, од кои десет лица се позитивни.
Приоритет за тестирање добиле патниците кои имаат симптоми.