425
Само што го изгласавме законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите на граѓаните кон jавните претпријатија заклучно со декември 2017 година. Преку 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани, пишува на Фејсбук, пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири.
Законот предвидува и репрограмирање на главниот долг кој ќе може да се плати најмногу на 36 реати во зависност од неговата големина.
Од 18 – те мандмани на опозицијата беа прифатени 2 со кои се предвидува да се брише и затезната камата за судските постапки и нотарските и ивршителските трошоци.