Писателот Стивен Кинг го затвори својот профил на Фејсбук, истакнувајќи дека не се чувствува удобно во „поплавата на лажни вести што се дозволени во политичкото рекламирање“.
Тој исто така сподели дека не е сигурен колку оваа социјална мрежа ја „заштитува приватноста на корисниците“.
Одлуката ја објави на Твитер, каде има 5,6 милиони следбеници.
Меѓу познатите корисници кои се откажаа од оваа социјална мрежа се и актерот на„Војна на Sвездите“ Марк Хамил, комичарот Вил Ферел, пејачката Шер и ко-основачот на „Епл“ – Стив Вознијак.
Кинг доби над 250.000 лајкови на овој твит и истакна дека луѓето можат да продолжат да го следат него и неговото куче Моли на Твитер.
Актерот Џим Кери, кој го затвори својот профил во 2018 година, исто така ги продаде акциите што ги поседуваше во Фејсбук, истакнувајќи дека компанијата профитирала од руско мешање на претседателските избори во САД.
Одлуката на Фејсбук да го смени начинот на проверка на политичкото рекламирање, многумина ја сметаа за контроверзна.
Одлуката се однесуваше на тоа дека приватните компании немаат право да цензурираат политичари и ги повикаа регулаторите на владата да го решат проблемот.
За разлика од Фејсбук, Твитер во октомври објави дека ќе ги забрани сите форми на политичко рекламирање.
Основачот Џек Дорси изјави дека е невозможно да се работи на дистрибуирање на информации и во исто време да се дозволи некој што платил за платформата да „зборува се што сака“.
Се проценува дека американските политички партии ќе потрошат околу 6 милијарди американски долари за рекламирање за време на изборната кампања во 2020 година.
Според истражувачкиот тим на „Кантар“, околу 20 проценти од тие пари ќе одат во дигитална кампања.
Според сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг, политичките реклами не се главниот извор на приходите на Фејсбук – тие сочинуваат само 0,5 проценти од заработката.
Сепак, компанијата се најде под притисок да го промени ставот – Хилари Клинтон се најде меѓу политичарите кои ја поддржаа одлуката на Твитер и го прашаа Фејсбук зошто не го прави истото.
По изборите во Велика Британија, Коалицијата за реформи во политичкото рекламирање наведе дека имало поплава на лажни вести и дезинформации.