Роденденскиот подарок на Роналдо: Георгина искеширала повеќе од 100.000 долари

541 прегледи

Португалскиот фудбалер Кристијано роналдо синоќа го прослави својот 35 роденден, а по тој повод неговата партнерка и манекенка Георгина Родригез организирала забава.

Таа го однела во ресторан пред кој го дочекал луксузен Mercedes Benz AMG G63 чија вредност се проценува на преку 150.000 долари, а го купила самата Георгина. Кога пристигнале во ресторанот група пријатели му пееле „Среќен роденден“.

Автомобилот го украсила со голема машна, а на својот Инстаграм профил објавила видео од изненадувањето и му честитала роденден.

„Среќно човеку на мојот живот. Сакам да ја пренесам љубовта во овој твој подарок“, напишала во описот на видеото.

Слични содржини