Чулев: Во целост ги демантирам лажните вести за наводни апсења на лица од мојот тим

од Берта Китинска
201 прегледи

По објавувањето на веста во врска со апсењата на високи полициски службеници во Министерството за внатрешни работи,  со своја реакција излезе  техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев:

-Во врска со пишувањата во медиумите за наводни апсења на лица кои се дел од мојот тим, би сакал да ја информирам јавноста дека најостро ги демантираме овие наводи.
Имено, станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено било какви решенија од моја страна.Во таа насока во целост ги демантирам наводите објавени во медиумите кои се креирани од луѓе кои сакаат да застанат на патот на правдата. Уште еднаш напоменувам дека изнесените наводи во медиумите се лага и конструкција смислена од претходното раководство на министерството за внатрешни работи. Овие лажни вести се пласираат за да се нанесе штета на моето работење и на моите соработници.Според моите информации во наредниот период се очекува покрај вакво изнесување на невистини да се преземаат и други слични активности кои се резултат на спрегата помеѓу параполициски, судски и обвинителски структури, блиски до СДСМ и подземјето со цел попречување на истрагите кои се во тек, а се однесуваат на криминалните дејствија поврзани со претходната структура.Напоменувам дека никој нема да ме поколеба или исплаши во мојата посветеност за бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата, напиша Чулев на својот Фејсбук профил.

Слични содржини