Владејачката СДСМ преку соопштение реагира дека техничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи директно го прекршува Уставот и го поткопува Договорот од Преспа и тоа во државна институција.
„Христијан Мицкоски преку кадрите на Никола Груевски во преодната Влада го криши Уставот на државата, го загрозува членствово во НАТО и ЕУ и Преспанскиот договор. Загрозување на Договорот од Преспа е загрозување на членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, затоа што без Договорот нема ниту НАТО ниту ЕУ. Таквиот противуставен потег на Мизрахи, по налог на Христијан Мицкоски и неговиот шеф Груевски е антидржавно“, велат од СДСМ.
Од партијата на власт посочуваат дека тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски, враќање во изолазија и обнова на криминалниот режим.
„Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ против Преспанскиот договор, против НАТО и ЕУ се опасни за иднината на државата, за нејзините стратешки интереси. Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите“, стои во реакцијата на СДСМ.