Заев изврши увид на изградбата на канализационен систем во Арачиново

од Aleksandar Todeski
277 прегледи

Направено е многу во Арачиново. Она што во моментот се работи е проектно техничка документација за бушење на три бунари во Грушино, Орланци и во Мојанце. Двата бунари се со длабочина од 90 метри, а едниот е 56 метри, со што ќе се обезбедат трајни количини вода за пиење за овие населени места. Во Орланци веќе е направен и базенот каде треба да се сливаат овие извори. Со тоа трајно ја обезбедуваме водата за пиење.

Ова го изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој заедно со потпретседателот на СДСМ и премиер Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири и член на ЦО и министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска направи увид на изградба на канализациониот систем во Општина Арачиново.

– Сакам да ги поздравам граѓаните на Арачиново кои се денеска со нас да ја споделиме радоста на изведбата на едно големо и значајно очекување, што беше ветено од сите нас во време и во период кога сите зборуваа за федерализација и кантонизација излегоа граѓаните на Арачиново и рекоа ама луѓе нас ни треба канализација. И таа симболика остана, според мене една од најзначајните симболики на нашето единство правејќи го концептот „Едно општество за сите“, рече Заев.

Според него, проектот – канализациониот систем во Општина Арачиново е во вредност од 1,7 милиони евра заедно со надзорот или самиот проект е без малку 90 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на РСМ. Самиот проект, посочи Заев, е 10 километри со изведбените 30 отсто, канализациона мрежа ќе се комплетира севкупната канализација.

– Таа е во реализација на 10 крака во село Арачиново, прецизира Заев.

Тој изрази задоволство што општината направила многу во овие две години, во однос на изработката на проектната документација.

– Немаше документација, немаше никакви документи оставени за оваа работа. Се завршија сите документи, заедно работевме, не поддржаа и меѓународно за да може комплетно согласно закон на комплетна документација да аплицираме во транспорт и врски со одлуката на предлог на општината и транспорт и врски Владата да ја донесе таквата одлука, изјави Заев и додаде дека истовремено го задолжиле Министерството за екологија во текот на изведбениот период од една година на канализацијата во Арачиново да обезбеди средства на финансирање дали преку грант, дали преку буџетски средства за прочистителна станица што треба да се постави на делот на излезот на канализационата мрежа.

Тој истакна дека за Арачиново веќе е оформена проектната документација преку Центарот на планскиот скопски регион и се одобрени три милиони и сто илјади денари за приклучување кон Гази Баба односно кон градскиот водовод на Градот Скопје, со што трајно се обезбедува вода за пиење.

– Не застануваме тука. Во целиот овој период работевме. Одобрена е детска градинка, како една од многуте што се градат во нашата земја. Вкупната вредност за градинката, за повеќе од 100 деца на возраст до шест години е 50 милиони денари, а вкупната квадратура е 1.392 метри квадратни. Го финализираме проектот за изградба на новата админостративна зграда на Општина Арачиново, проект помогнат од ИПА фондовите на ЕУ и Светската банка. Тој проект се финализира, а обезбедени се средства и за партнерно уредување, за што се дополнително обезбедни 1,5 милион денари. Во меѓувреме, во 2017 и во 2018 година завршена е реконструкцијата на постојната општинска барака каде е сместена админситрацијата, изјави Заев.

Лидерот на СДСМ потенцира дека успешно се реализирани и реконструкции на неколку училишта односно училиштето „Гер Кастриот Скендербег“ е санирано целосно, со нови клупи, столчиња, нов кров, нови подови, ѕидови. Истовремено, како што рече, во „Бајрам Шабани“ е решен системот за греење и има модерен систем за греење, регулирано е шеталиштето, направени се неколку улици со бекатон плочки. Заев информира дека се веќе одобрени 15 милиони 779 илјади денари за шеталиште, пешачка и велосипедска патека со хортикултурно уредување. Јавното осветлување, нагласи тој, постојано се одржува.

Меѓу другото, претседателот на СДСМ Заев информира дека е одобрена техничката документација за неколку улици, а што се обезбедни средства од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски, за локални патишта, а тоа е за улиците број 4 и број 14, во Арачиново.

– Успеавме да направиме реновирање на централната џамија во Арачиново, ги реконстриравме ѕидните огради на старите муслимански и православни гробишта во Арачиново. Имаме уште многу проекти. Значајно е што Владата е целосно насочена, а општината работи и е раздолжена за повеќе од 15 милиони денари. Арачиново се враќа во нормала на живеење, истакна Заев.

Тој најави дека се отпочнати и постапки, се бара државна локација на влезот во Арачиново од Гази Баба, за спортско игралиште, а има обезбедно донација од околу 47 илјади евра за мултифунцкионална спортско игралише за локација во самото село. Заев изрази надеж дека оваа пролет ќе бидат обезбедени локации за двете спортски игралишта.

На новинарско прашање зошто е ставена канализацијата за крај на мандатот на градоначалничката Миликије Алими, претседателот на СДСМ Заев појасни дека имале две години да се направи проект и ревизија, како и да се направи решение за пречистителна станица.

– Кога се решија сите во септември 2019 година, се одобрија и средствата од  буџетот. Самиот тендер знаете трае подолго. Убаво ќе беше да имаше веќе документација. Веќе 1.400 метри се поминати од 10 километри. Канализацијата веќе почна да се гради, рече Заев.

Слични содржини