Движењето Анти Коцкање одржа прес-конфренција со цел да упати јавно обраќање до политичкиот естаблишемент пред гласањето на Законот за игри на среќа. Тие порачаа дека носителите на одлуки, да не паднат пред финансиски желби.
– Ситуацијата во која се наоѓаме е загрижувачка слика за државата и тенденција за влез во Европската унија. Ние јавно им се обраќаме на сите лидери на политичките партии, претседателот на парламентот, претседателот на државата, Комисијата за финансирање и буџет, на 120-те пратеници кои ќе гласаат пред сè и најважно е да размислуваат за своите деца бидејќи и тие не можат да бидат имуни од овој вирус и е суштинско прашање за државата. Пред да гласаат да гледаат наоколу и да посетат семејство кое е жртва на коцкањето, веруваме дека солзите на бездомните семејства ќе бидат доволно да одлучат, солзите на нивните деца ќе бидат доволно за да одлучат дислокација на тие објекти, истакна Џемал Абдиу од Движењето.
Од Движењето Анти Коцкање реагираа на соопштението на Асоцијацијата на обложувалниците во Република Северна Македонија.
– Ние бараме нивна дислокација три километри од населените места бидејќи тие се разурнувачи за иднината на земјата додека од асоцијацијата бараат поплавување со такви објекти каде нивните клиенти главно се деца и депресивни родители. Тие се преправаат дека се вознемирени за 7.700 вработени со минимална плата од 16.000 денари искористувајќи ја тешката економска состојба. Колку се мизерни? Тие се грижат само за себе и за нивните џебови, апсолутно не се засегнати за уништените и разведени семејства. Се поставува прашањето што ќе сториме со 1.000.000 други безнадежни животи што останале на улица, рече Абдиу.
Од таму порачаа јавноста да прави разлика помеѓу Движењето Анти Коцкање и Асоцијацијата на обложувалниците.