Оскарот за Најдобра режија го доби Бонг Јон Хо: Да можев, ќе го поделев на пет дела

од Elena Daskalova
369 прегледи

Во конкуренција меѓу Тарантино, Сем Мендес, Скорсезе и Тод Филипс, Оскарот за Најдобар режисер го доби Бонг Јон Хо за „Паразит“.

„Паразит“ на годинашното доделување на Оскарите е вистинско изненадување, а и самиот Бонг при земањето на наградата изјави дека мислел дека Најдобар интернационален филм ќе биде последна статуетка за оваа вечер.

Тој не заборави да му оддаде почит на Скорсезе за „Ирецот“, филм кој исто така беше во конкуренција за истата награда. Исто така, му се заблагодари и на Тарантино, кој отсекогаш му бил вистинска поддршка, дури и кога другите го игнорирале.

„Кога би дозволила Академијата, би ја исекол статуетката и ќе ја поделам на сите номинирани“, изјави тој пред да ја напушти оскаровската сцена.

Слични содржини