Раководството на ВМРО – ДПМНЕ на средба со делегација на Државниот збор на Словенија

од Берта Китинска
149 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот, Александар Николоски и меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски денеска се сретнаа со делегација од Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот збор Дејан Жидан.

На средбата, како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се разговараше за европската перспектива на Македонија, законот за обвинителство, претстојните парламентарни избори и актуелните политички случувања во Република Македонија.

Мицкоски истакнал дека главна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во Европската Унија.

Посочил дека клучен проблем со кој се соочува Република Македонија на патот кон ЕУ се криминалот и корупцијата кај високи државни и партиски функционери од СДСМ.

Мицкоски потенцирал дека на државата и е потребен Закон за обвинителство кој ќе биде напишан од експерти, ќе ја приближи државата до Европската Унија и конечно ќе ја врати правдата во Македонија. Она што сега го нуди СДСМ како законско решение, посочил тој, е само обид за амнестија на криминалите сторени изминатите три години.

Тој истакнал дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосно фокусирана на реформите и приближување на државата до европските стандарди со цел да ја стави државата на брзата трака за членство во Унијата.

Соговорниците се согласиле дека односите помеѓу двете држави се на одлично ниво, а словенечкиот и македонскиот народ се пријателски народи. Сепак постои простор за продлабочување на односите на економски и научен план се согласија соговорниците.

Слични содржини