Се породи Ана Курникова? Полот на бебето засега е тајна

од Elena Daskalova
321 прегледи

Неодамна излегоа папарацо-фотографии на кои беше очигледно дека поранешната тенисерка Ана Курникова е бремена, а сега веќе се зборува и дека се породила.

Ана е во долгогодишна врска со латино-пејачот Енрике Иглесијас, уште од 2001 година, кога се запознаа на снимањето на неговиот спот „Escape“.

Веста за породувањето ја потврдил братот на Енрике, Хулио Јуниор, за едно чилеанско радио. На прашањето дали е возбуден што ќе стане чичко, тој кажал „Веќе станав“, што ги збунило водителите, кои потоа директно прашале дали Ана се породила.

Тој одговорил со „да“, но не открил ниту пол, ниту име. Ана и Енрике веќе ги имаат близнаците Луси и Николас. Тие ја држеа во тајност и претходната бременост на тенисерката, па оваа мистериозност воопшто не е чудна од нивна страна.

Слични содржини